„Кој и зошто дозволи вакво опуштање на Вардар во Битола!?“

Ракометарите на Вардар загубија со 29-25 на гостувањето кај Еурофарм Пелистер останувајќи и натаму, само поради гол-разликата, со предност во трката за шампионската титула.

„Вардарци“ со четири победи во последните исто толку натпревари повторно ќе се закитат со шампионската титула. Но, најверните навивачи на Вардар, „Комитите“ не се задоволни од начинот на кој се одигра натпреварот во Битола, реагирајќи дека тим како Вардар не смее да си дозволи опуштање и покрај тоа што првиот меѓусебен натпревар со Еурофарм Пелистер го доби со осум разлика.

„РК Пелистер 29 : 25 РК Вардар. Она што се брои на крајот се титулите, и веројатно го освојуваме најсјајното одличје број 14. Но! Ќе остане едно големо НО, затоа што играчите и особено тренерот дозволија неразумно опуштање и крајно недозволив пад на играта, која резултираше со серија од 7:0 за противникот, која им овозможи да имаат реална надеж дека можат да успеат да не добијат со 8 разлика… За среќа пирова е нивната победа, но во Ракометниот клуб Вардар кој ретко го критикуваме, нешто мора да се менува! За среќа ги имавме Чупиќ и како ‘бек’, Тимур и како ‘пикер’, Борко и како ‘асистент’ и Јокиќ на своето место“ – пишуваат „Комитите“ во својата реакција.

Се вчитува...