Кој ќе биде нов тренер на „пандевци“: Арифовски, Тасевски, Николоски, Таневски…

Третото пролетно коло ја донесе и првата тренерска промена во вториот дел од сезоната. Југослав Тренчовски заминува од клупата на Академија Пандев откако тимот не успеа денеска да слави на домашен терен против Борец и одигра само 0-0. Ќе мора брзо да се реагира и да се доведе ново име на кормилото, со оглед дека веќе в среда следи куп-натпреварот против Шкупи.

Раководството на Академија Пандев има две опции, да интервенира брзо со тренер од своите редови и да го именува Шефки Арифовски или можеби Александар Стојанов, или да доведе друг стратег. Се споменуваат веќе неколку можни кандидати. Тоа се Жикица Тасевски, Јане Николоски, Александар Таневски…

Се вчитува...