Кој ќе биде организатор на кошаркарскиот Куп?

Македонската кошаркарска федерација на 30.јануари ќе организира Јавно наддавање за организатор на Финалниот турнир на кошаркарскиот Куп на Македонија во машка и во женска конкуренција. На него ќе можат да учествуваат сите заинтересирани правни и физички лица, а почетната сума за организација на Купот изнесува 500.000 денари.

Според најавите, главен фаворит за добивање на организацијата е компанијата „Лимак“, која и лани беспрекорно го организираше овој настан.

Минатата сезона, Финалниот турнир се одржа во Кавадарци, а актуелни победници се Карпош Соколи во машка и Вардар во женска конкуренција.

Се вчитува...