Кој ќе биде „The Best“ според ФИФА? – Ван Дајк, Роналдо или Меси

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави финалистите за наградата „The Best“ за 2019. година. Меѓу тројцата најдобри очекувано се најдоа најдобриот фудбалер според УЕФА за 2019 година, Холанѓанецот Вирџил ван Дајк кој со Ливерпул стигна до трофејот во Лигата на шампионите и во Европскиот супер куп. Покрај, него тука се и Кристијано Роналдо кој со Јувентус ја освои Серија А, а со Португалија се радуваше на првото издание во Лигата на нации и Лионел Меси кој ја освои титулата во шпанската Ла лига.

ФИФА ги објави финалистите и во останатите категории. За најдобра фудбалерка номинирани се освојувачките на Светското првенство со САД, Алекс Морган и Меган Рапино, како и Англичанката Луси Бронз.  Во конкуренција на тренери кај мажите финалисти се Јирген Клоп, Пеп Гвардиола и Маурисио Покетино. Во женскиот фудбал за признанието ќе се борат Фил Невил, Џил Елис и Сарина Вајгман.

За најдобар голман меѓу тројцата најдобри се најдоа Бразилците Алисон Бекер и Едерсон, како и Германецот Тер Штеген, додека кај дамите Хедвиг Линдал, Кристиане Ендлер и Сари ван Венендал.

За наградата за најдобар гол „Пушкаш“ во финалето се пласираа Лионел Меси, Хуанфер Кинтер и Даниел Шори.

Гала вечерта во која ќе бидат избрани најдобрите за 2019 година ќе се одржи на 23. септемви во миланската „Скала“.

Се вчитува...