Кој ќе брани? – Тројцата голмани се во опција, вели селекторот

Столе Димитриевски не може да им помогне на соиграчите од националниот тим откако повторно е позитивен на Covid-19. По ова, главната дилема во пресрет на утрешниот меч со Ерменија во Лигата на нации е кој ќе биде на голот. Селекторот Игор Ангеловски се уште е тајновит по ова прашање.

„Тројцата голмани се во комбинација…Верувам во сите нив и се радувам што и Мартин Богатинов веднаш се стави на располагање, и тоа ја покажува посветеноста на секој поединец кон националниот тим“, изјави Игор Ангеловски.

Дамјан Шишковски, Дени Илиев и Мартин Богатинов се опциите што ги има на располагање селекторот.

Се вчитува...