Кој ќе го замени Ведат Муричи во Скопје? Селекторот на Косово ‘мерка’ четири нови имиња

Фудбалската репрезентација на Македонија е во очекување на плејоф – дуелот против Косово во Лигата на нации. Два големи чекори се пред селекторот Игор Ангеловски и македонските фудбалери, но истото го размислуваат и репрезентативците на Косово.

Селекторот Бернар Шаланд многу веројатно нема да може да смета на најдобриот фудбалер, напаѓачот Ведат Муричи кој летово потпиша за Лацио, а досега го носеше дресот на Фенербахче. Главната мака на косовскиот селектор е кој да биде одреден како негова замена во навалната линија, со оглед дека на повреда се жали и уште еден важен фудбалер, Милот Рашица од Вердер.

Шаланд размислува да упати повик за четворица фудбалери кои би можеле да бидат носители во нападот. Анди Зекири, 21 – годишниот напаѓач од Лозана кој деновиве става потпис на договор со англискиот премиерлигаш Брајтон, потоа Лорик Емини од Луцерн, офанзивен играч за врска, Зимер Битичи, 24 годишниот крилен играч на Викинг и Валмир Сулејмани, напаѓачот на германскиот Хановер.

Се вчитува...