Кој му е виновен на Кавани што не си го слушаше таткото

Единсон Кавани е незадоволен во ПСЖ, го загуби првотимскиот статус од Мауро Икарди, а клубот воедно не му нуди нов договор за да остане на „Паркот на принцовите“ и по завршувањето на сезонава. Уругваецот долги години со успех го носеше дресот на францускиот првак, но никогаш не си ја исполни големата желба – со овој клуб да се искачи на врвот на фудбалска Европа.

Таткото на голгетерот, Луис Кавани, во интервју за уругвајските медиуми обелодени дел од разговорите со својот син кога тој беше желба на бројни европски гиганти, а од неколкуте понуди ја избра токму онаа на ПСЖ.

„Тој ми вели дека сум негативен, но јас само ја кажувам вистината. Кога доаѓаше во ПСЖ му реков дека ќе освои бројни купови во Франција, некоја титула, но никогаш нема да го види трофејот во ЛШ. Во фудбалот не се освојува само со пари, јас го знаев тоа, а мојот син го научи на потешкиот начин“ – изјави „Кавани Сениор“.

Се вчитува...