Кој повеќе му недостасува на Реал Мадрид –  Дончиќ или Роналдо?

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ (19) летово се пресели од Реал Мадрид во Далас маверикс и блеска на почетокот од својата прва сезона во НБА лигата.

Младиот Словенец е секогаш интересен и медиуми, во едно од инетрвјуата тој добие интересно прашање: Кој повеќе му недостасува на Реал Мадрид, Дончиќ или Роналдо?

„Мислам, дека сепак, Кристијано Роналдо му недостасува повече на Реал отколку јас. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот“ – одговори Дончиќ.

За него периодот поминат во Реал Мадрид е од посебно знаачење и тоа често го истакнува.

„Играњето за Реал Мадрид беше нешто посебно за мене. Тоа е најдобриот тим во светот надвор од НБА и јас апсолутно, го сака. На 13 години заминав од Словенија во Шпанија и сега ми е полесно, дури се чувствувам како Далас да е мој дом. Отсекогаш сакав да дојдам во НБА и да се обидам да игра. Искуството од Реал ми помогна да се прилагодам. Играњето два натпревари неделно во Евролигата им помага на играчите кои одат во НБА полесно да се приспособат на тоа темпо со често играње натпревари“ – истакнува Лука Дончиќ.

Словенецот беше избран како трет пик на годинашениот драфт во НБА лигата и со своите забележителни настапи за Далас конкурира за дебитант на годината.

Се вчитува...