Кој сака да го купи Ливерпул за ЕДНА МИЛИЈАРДА фунти?

Ливерпул би можел да стане следниот англиски премиерлигаш со газди од Средниот Исток откако беше обелоденето дека првите луѓе на клубот од „Енфилд“ веќе одредиле и цена – една милијарда фунти за сопственоста над еден од најтрофејните тимови во историјата на англискиот фудбал.

Присуството на Аманда Стејвли на дуелот меѓу Њукасл и Ливерпул придонесе да се појават нови шпекулации на оваа тема, сооглед на фактот дека таа е најзаслужната за превземањето на Манчестер сити од страна на семејството Мансур во 2008 година. Стејвли раководи со фонд вреден над 28 милиони фунти, пари што воглавно се инвестирани од страна на најбогатите лица од Средниот исток, од кои дел изразиле заинтересираност за преземање на Ливерпул.

Таа не успеа да го преземе раководењето на клубот преку конзорциум од Дубаи во 2007 година, минатата година исто така беше одбиена од страна на сегашните американски газди, но ситуацијата во меѓувреме се промени. Се поголемото незадоволство на навивачите од неинвестирањето во врвни засилувања ги натера сегашните сопственици сериозно да ја разгледаат опцијата за продажба на клубот. Според британските медиуми, тие веќе се сретнале со Стејвли и порачале дека би можеле да се решат на продажба, но само за цена што би ја сметале за задоволувачка.

stejvli liverpul

Според весникот „Мирор“, првата побарана сума изнесувала една милијарда фунти. Пораката од Стејвли ќе биде пренесена до заинтересираните инвеститори, но првичниот впечаток е дека постои простор за разговор во периодот што следи.

Тешко е за верување дека целата трансакција би можела да биде договорена во следните три месеци, па „црвените“ речиси сигурно ќе бидат пасивни во текот на јануарскиот преоден рок, во кој американските газди среде преговори дефинитивно повторно нема да дозволат заминување на Кутињо.

Се вчитува...