Кој со кого до крајот во Серија А: Јуве има потежок распоред, а Наполи еден бод помалку

Наполи го „тресна“ Јувентус среде Торино (0-1) со голот на Калиду Кулибали во 90.минута и се врати комплетно цво трката за шампионската титула во Серија А. Преостануваат четири кола до крајот, Наполи има еден бод негатива во однос на „старата дама“, но Јувентус има значително потежок распоред до крајот на првенството. Избраниците на Масимилијано Алегри треба да им гостуваат на Интер и на Рома, екипи кои се борат за пласман во Лигата на шампионите.

35.КОЛО

Интер – Јувентус

Фиорентина – Наполи

36.КОЛО

Јувентус – Болоња

Наполи – Торино

37.КОЛО

Рома – Јувентус

Сампдорија – Наполи

38.КОЛО

Јувентус – Верона

Наполи – Кротоне

ТАБЕЛА

  1. Јувентус 85
  2. Наполи 84

Се вчитува...