Кој вели дека Лукаку е дебел (ФОТО)

Ромелу Лукаку на најдобар можен начин им одговори на оние кои го критикуваа за тежината, откако бројни италијански медиуми вчера објавија дека Белгиецот е игнориран од Антонио Конте за премиерниот меч со Лече откако се појавил на првиот тренинг на Интер со 104 килограми. Се тврдеше дека Лукаку се наоѓа на „специјална диета“ и Конте нема да смета на него додека не се спушти под 100 килограми, но белгискиот џин објави фотографија на инстаграм на која јасно се гледа дека пишувањата се далеку од вистината.

„Не е лошо за дебелко“ – напиша Лукаку крај објавената фотографија.

Се вчитува...