Која е новата „7“ во Реал? Рамос открива дека тоа нема да биде Азар!

Кристијано Роналдо за 117 милиони евра си замина од Реал Мадрид во Јувентус… Колкава е големината на ЦР7 потврда дојде уште првиот ден од трансферот, откако Јувентус веднаш си врати 60 милиони евра со продажбата на дресовите од Роналдо.

А, за тоа време навивачите на „кралскиот клуб“, пак, очекуваат да видат која ќе биде новата „7“ на Реал Мадрид. Дел од шпекулациите се дека таа се чува за белгискиот репрезентативец Еден Азар, но капитенот Серхио Рамос тврди дека дресот со број 7 уште сега се знае дека во иднина ќе го носи Марко Асенсио.

Асенсио, кај фановите на Реал, најмногу ги освои симпатиите на натпреварот во шпанскиот суперкуп против Барселона кога двапати ја тресеше мрежата на најлутиот ривал, помогнувајќи му на тимот од Мадрид да дојде до трофејот.

Реал Мадрид во Асенсио полага огромни надежи. Веќе сега се најавува како една од идните икони на кралскиот клуб!

Се вчитува...