Која е „таинствената плавуша“? Мурињо се обидел да ја спречи објавата на „спорниот текст“ за негова афера!?

Жозе Мурињо е во центарот на вниманието на фудбалската јавност по отказот кој го доби од Манчестер јунајтед. Но, и тоа како интересен за европските медиуми е и приватниот живот на португалскиот стратег.

Мурињо по отказот се врати во Лондон каде живее неговото семејство. Во моментов е во Португалија каде ќе остане за новогодишните празници. Но, англиски „Сан“ во меѓувреме си се занимава со приватноста на Мурињо излегувајќи со текст за негова долгогодишна афера со „таинствена плавуша“.

„Сан“ објави фотографии за жената за која во англиската јавност веќе со години се пишува. Се работи за Пру Картер-Робинсон со која Мурињо ужива во „тајно пријателство“ и многу повеќе од тоа. Наводно се запознале во Мадрид пред осум години и од тогаш се во тајна врска.

Интересно е дека „Сан“ во својот текст информира и како самиот Жозе Мурињо вчера се обидел да ја запре објавата на тој текст. Преку своите адвокати испратил допис за запирање на објавата, но не успеал во тоа.

Во меѓувреме, Жозе Мурињо во родниот Сетубал во Португалија присуствуваше заедно со својот син Жозе Мурињо јуниор на натпреварот меѓу Виторија Сетубал и Санта Клара. Ова е прво негово присуство на фудбалски натпревар по отказот од Манчестер јунајтед. Очигледно е дека не може без фудбал…

Се вчитува...