Иако се на возраст кога најголемиот дел од спортистите веќе одамна ја имаат завршено кариерата, Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс и понатаму им пркосат на годините и доминираат во професионалниот спорт. Тоа е резултат на нивната редовна грижа за телото, за добрата исхрана и здравите навики, но и на една мала тајна: Реформер пилатес.
Пилатес е начин на вежбање составен од одбрани вежби кои се фокусираат на зајакнување на јадрото, флексибилноста на телото и да дишењето, кој е препознатлив по балансираните и ефикасни движења. Традиционалниот пилатес беше создаден од страна на Јозеф Пилатес уште во првата половина на 20 век и најчесто се практикува на јога мат. А Реформер пилатес е нова еволуција во вежбањето која во самото вежбање воведува машина што додава отпор на вистинските места и го прави вежбањето поефикасно, попрецизно и покорисно.

За разлика од традиционалниот мат пилатес, Реформер овозможува тренинг за целото тело кој истовремено таргетира повеќе мускулни групи. Различните нивоа на отпор можат да се прилагодат на различни нивоа на физичка подготвеност, што го прави погоден и за почетници, за искусни спортисти, како и за професионалци.
Реформер пилатесот беше воведен како напреден метод за рехабилитација кој го употребуваа познатите холивудски ѕвезди и елитните спортисти, но поради неговата достапност полека се претвори во вистински глобален фитнес феномен. А сега, Реформер пилатес доаѓа на чекор од тебе! Закажете си час во WE RE:FORM студиото во близина на градскиот парк во Скопје, доколку сакате здраво тело, подобра флексибилност и фит изглед.
Вежбај динамично, брзо и ефикасно. Со само три часа неделно ќе ги постигнеш резултатите кои отсекогаш ги посакуваше – ќе го зацврстиш телото, ќе ја зголемиш флексибилноста и ќе го зголемиш нивото на енергија. Дај му го на телото она што му е потребно. Започни со Реформер пилатес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
