Којашевиќ: Ни се падна најтешкиот ривал

Вардар го доби Фенербахче за ривал во плејоф колото од Лигата на Европа. Турскиот гигант е силен противник, а црногорскиот интернационалец Дамир Којашевиќ смета дека македонскиот првак го доби и најтешкиот од сите можни ривали на денешниот ждреб.

„Да бидам искрен од сите тие пет екипи кои беа можни противници, нѝ се падна најтешкиот тим за ривал. Тоа е што е, одиме да се надигруваме и се надеваме дека ќе излезе добро за нас. Покажавме во Лигата на шампионите дека можеме да се носиме со секого, освен на оние лоши последни 15 минути во Копенхаген кои треба да ги заборавиме. Нашата цел е да пројдеме. Не стравуваме од Фенербахче, иако имаат добри играчи и големи фудбалски „ѕвезди“. Фудбалот е тимски спорт, а не индивидуален. Нас не краси тимски дух и се надевам дека ние ќе излеземе како победници од двата натпревари“, изјави Дамир Којашевиќ за клупскиот сајт на Вардар.

Се вчитува...