Коке: Сме го победувале Реал и со 4-0

Атлетико Мадрид доживеа убедлив пораз (3-0) од градскиот ривал Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, но „јорганџиите“ не се предаваат и сметаат дека можат да возвратат со иста мера на реваншот. Играчот од средниот ред Коке вели дека Атлетико Мадрид во минатото знаел да ги победи „кралевите“ и со 4-0.

„Реал Мадрид заслужено стигна до победата. Ние не бевме на вистинското ниво, но има и реванш на „Висенте Калдерон“. Наша желба се уште е пласман во финалето на ЛШ. И верувам дека можеме да ја оствариме целта. Сме го победувале Реал и со 4-0“, изјави Коке.

Атлетико Мадрид го совлада Реал Мадрид со 4-0 на 7 февруари 2015 година, со головите на Тијаго, Саул, Гризман и Манџукиќ.

Се вчитува...