Кокошков: Сакам финале со Србија, сигурно ќе победиме

Секоја чест за Драгиќ и Дончиќ, но рамо до рамо крај нив на листата на најзаслужни за историското финале на Словенија сигурно е селекторот Игор Кокошков. Тој целосно го надмудри Скариоло уште еднаш покажувајќи ја својата кошаркарска генијалност, а по мечот напомена дека комплиментите мора да одат кон сите кошаркари, а не само кон најголемите „ѕвезди“ во тимот.

Мислам дека кошаркарски ги „утепавме“. Знаевме од каде доаѓа опасноста, нивното искуство и концентрацијата на играта во рекетот, успеавме да ги неутрализираме. Бевме фантастични, честитки и до момците кои влегуваа од клупата, не само за Драгиќ и за Дончиќ“ – истакна Кокошков.

Србија и Русија вечерва ќе се сретнат во второто полуфинале, а словенечкиот селектор има своја желба за ривал во големото финале.

Утре нема да тренираме, а потоа ќе навиваме за Саша Ѓорѓевиќ и за Србија. Цело време се гледаме во хотелот и меѓусебно се бодриме. Се надевам, поточно сигурен сум дека во финалето ќе играме со Србија. А мојот тим ќе победи“ – полн е со оптимизам Игор Кокошков.

Се вчитува...