Кокс е шанса за врзани победи за Еурофарм во ЛШ

Во претпоследното коло од групниот сегмент во ркаометната лига на шампионите, македонскиот дебитант, Еурофарм Работник има шанса против финскиот Кокс има шанса за две врзани победи и за осигурување бегство од последната позиција на конечната табела во конкуренцијата Ц. Битолскиот состав го доби дуелот со Савехоф минатиот викенд, што беше втора победа сезонава. Со денешниот противник, Еурофарм има идентичен биланс од два успеха и шест порази, но нашиот претставник има подобра гол разлика.

Токму едната победа од двете досегашни во елитното натпреварување е од првата сезонска пресметка против Кокс одиграна во Битола во октомври. Тој дуел како и речиси сите сезонава на Еурофарм беше драматичен и заврши само со еден гол разлика. Битолчани средбата ја добија со 31-30.

За македонскиот вицпрвак, Еурофарм ова е претпоследен натпревар сезонава во Лигата на шампионите. Во завршната рунда, составот на Стевче Алушевски  ќе се соочи со шпанскиот Бидасоа во Битола.

 

Се вчитува...