Кокшаров: Ги чекаме повредените за да можеме да бидеме конкурентни

Европскиот првак Вардар доживеа убедлив пораз од Веспрем во Скопје, во реприза на минатогодишното финале во Лигата на шампионите. Но, сега составот на вардарци е десеткуван со повреди и тоа го потенцира тренерот Едуард Кокшаров.

„За жал, во овој момент ова е нашата реалност. Во вториот дел од сеозната чекаме да ни се вратат повредените играчи за да можеме да бидеме конкурентни“, изјави тренерот Кокшаров.

Младиот дебитант Васко Гогов ја почувствува Лигата на шампионите, а потоа и првпат се појави пред новинарите.

„Го отворија мечот подобро од нас, направија разлика, ние направивме се, одиграа подобро од нас и не можевме да стигнеме. Се надевам дека кога ќе ги имаме сите играчи, ќе бидеме подобри во вториот дел од сезоната“, изјави Гогов.

Се вчитува...