Кокшаров го остави Дибиров дома

Тимур Дибиров нема да патува со руската репрезентација на долгата авантура до Аргентина, откако селекторот (и тренер на Вардар) Едуард Кокшаров реши да не го вклучи левото крило на списокот на патници за Буенос Аирес. Дибиров беше предводник на првиот список на Кокшаров, но рускиот кормилар во меѓувреме го скрати списокот, а покрај Дибиров на него нема уште еден „вардарец“, Сергеј Горбок.

Според руските медиуми, двајцата ракометари се повредени и ќе останат во Скопје за да ги санираат проблемите. Во ситуација кога Вардар е во сериозна криза, кратката пауза од натпревари ќе биде добредојдена за „црвено-црните“ да се обидат да се консолидираат пред дуелот со Кјелце.

По репрезентативната пауза би можел да се врати и Стојанче Стоилов, капитенот што беше во составот на последните две средби на Вардар во ЛШ, но не влезе во игра ниту против Кил, ниту против Веспрем.

Се вчитува...