Европскиот ракометен шампион Вардар против Веспрем ќе го игра последниот натпревар во Лигата на шампионите за оваа календарска 2019 година. Едуард Кокшаров вели дека Вардар има само по еден ракометар на секоја позиција, но сепак кој и да игра ќе даде максимум за победа против Веспрем.
„Имаме проблеми со повреди. Без разлика кои ракометар и ќе играат ќе дадат се од себе и со помош од нашата верна публика да победиме на мечот против Веспрем. Натпреварот трае шеесет минути, а ние имаме по еден ракометар и не можеме да правиме ротација. Ние во вакви услови не можеме да формираме одбрана 6-0, можеме да тренираме само 5-1. Ракометарите се по 60 минути на паркетот и едноставно нема кој да ги замени. “, изјави Кокшаров.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се игра во недела со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА