Кокшаров: Моите играчи се херои….Душебаев: Имам чувство дека ние загубивме бодови

Вардар и кога е десеткуван од повреди се бори до крај и успеа да избори реми (28-28) против Киелце во СЦ „Јане Сандански“. Во турбулентен меч, на крајот ремито можеби е и најреален епилог. Тренерот на вардарци, Едуард Кокшаров, е задоволен од играта и резултатот, со оглед дека му недостигаа многу адути на овој меч.

„Моите играчи се херои, затоа што имаме проблеми со повреди, оние што беа на теренот дадоа се од себе и навистина им благодарам. Успеавме да покажаме добра игра и да освоиме бод. Немавме никаква бековска линија и затоа со овој бод сме многу задоволни“, изјави Едуард Кокшаров, тренерот на Вардар.

Гостите од Полска чувствуваат како да испуштиле победа, иако во еден дел од првото полувреме имаа и пет гола негатива.

„Имам чувство дека ние загубивме бодови, а Вардар доби бод, затоа што немаа ракометари со кои ќе играат, особено на левата страна, играа со две крила. Голманот беше одличен во второто полувреме, имаше многу важни одбрани и тоа им даде можност да гризат до крајот. Сепак, не сум незадоволен“, изјави тренерот на Киелце, Талант Душебаев.

Се вчитува...