Кокшаров: Не решавам јас дали ќе останам на тренерската позиција

Вардар го пречекува Мешков Брест во Лигата на шампионите и се надева дека ќе го сврти листот на позитивна страна, а тренерот Едуард Кокшаров повторно има проблеми со повредите на дел од ракометарите.

„Атман и Горпишин се неизвесни, на Стоилов му е потребно време за да влезе во форма по паузата. Верувам дека тие што че настапат ќе го дадат максимумот и дека ќе забележиме позитивен резултат. Мешков Брест е квалитетен состав, но ние ќе играме пред домашна публика. Што се однесува до тренерската функција, не решавам јас дали ќе останам како трајно решение, тоа секако е одлука на претседателот на клубот“, изјави Едуард Кокшаров.

Капитенот Стојанче Стоилов верува дека и покрај проблемите Вардар ќе смогне сили да стигне до триумф.

„Не очекува дуелот со Мешков Брест, кој го чекаме со многу проблеми и повредени ракометари. Не се знае се уште кој ќе игра, но наше е да излеземе, да се бориме и да се потрудиме да оставриме победа“, изјави Стоилов.

Вардар го пречекува Мешков Брест в недела, со почеток во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...