Кокшаров: Ракометарите дадоа максимум за публиката во Скопје

Вардар ја прекина резултатската криза во Лигата на шампионите со триумфот над Мешков Брест со 36-31. Тренерот на „црвено-црните“ Едуард Кокшаров вели дека најголемите заслуги за победата идат кај ракометарите.

„Честитки за Брест за добрата игра. Имаме и ние многу повредени ракометари, не можевме да ја играме нашата препознатлива одбрана 6-0 поради тоа, затоа моравме да играме 5-1. Сакам да им се заблагодарам на моите ракометари кои за својата публика дадоа се од себе“, изјави Кокшаров. 

 

Се вчитува...