Кокшаров: Станувам селектор, но и останувам во Вардар

Едуард Кокшаров ја доби довербата на Руската Ракометна Федерација да го наследи Дмитри Торгованов на селекторската функција во оваа национална селекција. Русинот е горд на укажаната чест, но исто така и јасно стави до знаење дека селекторската функција нема да значи и негово заминување од Вардар, клубот каде Кокшаров е спортски директор.

Продолжувам со работата во Вардар. Разговаравме на оваа тема и можам да кажам дека нема пречка – да работам во Вардар и да бидам селектор на Русија“ – изјави Кокшаров.

Русинот покрај функцијата спортски директор го водеше женскиот тим на Вардар, директно раководејќи со тактиката на Ф4 турнирот во Будимпешта каде на „хартија“ за тренер важеше Ирина Дибирова.

Се вчитува...