Коку го стави Валбуена на трансфер-листа, Елмас е иднината на Фенербахче

Францускиот интернационалец Матиу Валбуена изненадувачки е ставен на трансфер – листата на турскиот клуб Фенербахче. Новиот тренер Филип Коку оцени дека 33-годишниот Валбуена може да си замине за одредена отштета, сакајќи да им даде многу поголема шанса и минутажа на младите фудбалери како Елиф Елмас. Тој смета дека тимот мора да се потпре и на младоста, нешто што треба да биде револуционерна идеја во турскиот фудбал.

Валбуена одигра 40 натпревари во дресот на Фенербахче, постигна 10 гола и забележа 16 асистенции. За Французинот веднаш интерес покажа големиот ривал Галатасарај, како и неколку клубови од Саудиска Арабија.

Се вчитува...