Фенербахче доживеа вистински дебакл на стартот од Лигата на Европа со поразот од Динамо Загреб од 4-1. Сето тоа ги активираше турските медиуми кои тврдат дека тренерот Филип Коку наскоро ќе „лета“ од клубот.
Проблемот е далеку поголем од само поразот во Загреб. Од раководството на Фенербахче, наводно, воопшто не се задоволни од начинот на кој Коку го води тимот и резултатскиот почеток и во турскиот шампионат.
Фенербахче загуби од Малатијаспор, Гезтепе и дома од Кајзериспор едноподруго, а сето тоа дојде откако беше елиминиран и од Бенфика во квалификациите за Лигата на шампионите.
Најавите за смена на Коку сигурно не носат ништо добро и за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој ужива огромна доверба кај холандскиот стратег. Коку не крие дека е импресиониран од потенцијалот на Елмас постојано овозможувајќи му шанса да се докажува на теренот иако има само 18 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА