Коку смета дека Елмас е вистински бисер: Место во првите 11 на Фенербахче за Македонецот!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е со гарантирано место во првите 11 на Фенербахче за следната сезона, според плановите на новиот стратег на турскиот гигант Филип Коку.

Како што пренесува Турската национална телевизија, Коку е цврсто решен да им даде шанса на младите фудбалери а веќе вистински се „заљубил“ во стилот на игра на Елиф Елмас за кого се очекува да има место во стартниот тим во новата сезона.

„Холандскиот стратег ја менува структурата на тимот со далеку поголема шанса за помладите фудбалери. Според информациите од клубот Филип Коку, иако не сака јавно да зборува, е посебно воодушевен од стилот на Елиф Елмас. Веднаш го забележа македонскиот фудбалер веќе по само неколку тренинзи во клубот. Коку, кој планира Елмас да биде централен креатор во средниот ред, веќе му крои место во почетните 11. За разлика од минатата сезона кога воопшто не беше во плановите на претходниот тренер, сега Елмас е вистински бисер во очите на Филип Коку“ – пишуваат турските медиуми.

Се вчитува...