Коларов го продолжи договорот со Рома до 2021

Српскиот интернационалец Александар Коларов останува на „Олимпико“ до јуни 2021 година. Тој ја прифати понудата на раководството на Рома за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона. Неговиот актуелен договор истекуваше на крајот од сезоната.

„Сакам да се заблагодарам на клубот за новиот договор и да им ветам на навивачите дека ќе работиме напорно за да ги оствариме целите на Рома. И покрај возраста, мојата желба за докажување е се поголема и ќе продолжам во ист стил“, изјави Коларов.

Србинот дојде во Рома во 2017 година, одигра 113 натпревари за „волчицата“ и постигна 17 гола.

Се вчитува...