Коларов ја засилува Црвена Звезда

Александар Коларов на почетокот од следната година го напушта милански Интер и во зимскиот преоден рок ја засилува белградска Црвена Звезда.

Оваа сезона 36-годишниот Коларов има само три настапи за Интер, па управата на миланскиот клуб сака да се ослободи од неговите услуги. Коларов во Италија е од 2017 година кога Рома за пет милиони евра го донесе од Манчестер сити. Минатата година стигна во Интер за еден и пол милиони евра, но во Милано не се наигра.

Со Црвена Звезда се поврзуваше и во јуни оваа година, но српските медиуми пренесуваат дека сега ќе следи ангажманот на Коларов во црвено-белите редови.

Се вчитува...