Коларов објави крај на кариерата, но ги откри и плановите за во иднина

Српскиот фудбалер Александар Коларов одлучи да стави крај на својата играчка кариера. Сепак, тоа нема да значи целосно збогување од фудбалот.

Тој откри што планира да прави по својата професионална кариера.

„Отсекогаш знаев дека порано или подоцна ќе дојде овој момент. Иако ми е жал што затворам едно поглавје од мојот живот, благодарен сум што успеав да го остварам она што отсекогаш ми било сон. Доаѓам до крајот на оваа фаза од мојот живот, чувствувајќи големо задоволство од постигнатото. Се надевам дека со моето секојдневно докажување на теренот и надвор од него барем делумно се оддолжив за оваа прекрасна игра и на сите кои ме поддржуваа. Сега сум фокусиран на мојот ‘друг’ живот во светот на фудбалот. Наскоро ќе почнам да тренирам како спортски директор и скаут во Националниот фудбалски центар на Фудбалската федерација на Италија во Коверјан“, заклучи српскиот фудбалер.

Коларов минатата сезона ја мина во Интер, а претходно играше за Рома, Манчестер Сити, Лацио, ОФК Београд, Чукарички. Во националниот дрес на Србија во периодот од 2008 до 2010 година одигра 94 натпревари, а погоди 11 пати.

Се вчитува...