Коларов се сели во Атлетико Мадрид?

Александар Коларов наскоро може да заигра во шпанската Ла Лига. Според информациите објавени во шпанските медиуми, за срепскиот репрезентативец заинтересиран е Атлетико Мадрид, каде бараат ново решение бидејќи најверојатно ќе останат без бековите Филипе Луис и Лукас Хернандез.

Според најавите, Хернандез треба да потпише за Баерн, а Фелипе Луис се поврзувца со Реал Бетиској сака да го ангажира уште во јануари.

Симеоне така би останал во дефицит на позицијата лев бек, а Коларов тука се наметнува како идеално решение иако веќе има 33 години. Со оглед на извонредната физичка подготвеност, возраста на Коларов воопшто не му е пречка уште неколку години да игра фудбал на највисоко ниво.

Постои опција во комбинација да влезе и Томас Партеј кој е незадоволен од статусот во Атлетико Мадрид, а Рома би сакала да го види во своите редови, па се шпекулира дека 25-годишниот фудбалер од Гана би можел да биде дел од целиот трансфер.

Александар Коларов зад себе има богата кариера, во Рома дојде во 2017 година и има договор со важност до 2020.

Се вчитува...