Коларов за евроголот доби подарок – автомобил „Лада“

Денешниот ден е прекрасен за Александар Коларов, го постигна најважниот гол во кариерата, ја доби МВП наградата на еден мундијалски меч, па на крајот доби и подарок. И тоа не било каков, туку автомобил „Лада 4х4“.

Оваа награда му ја додели градоначалникот на градот Самара, Дмитриј Азаров.

„Се консултиравме со навивачите и одлучивме да го наградиме фудбалерот кој ќе го постигне првиот гол на новиот стадион на мундијалот. Коларов делуваше среќно, целиот тим беше пресреќен“ – изјави Азаров.

Се вчитува...