Колев: Сакаме Кожув да биде во Топ 4 и да направиме уште еден чекор напред

Нова сезона, нови предизвици и нови лични амбиции. Во пресрет на стартот на МТЕЛ Суперлигата, во серијалот „3х3 прашања“ ги ставаме во фокус играчите од десетте екипи кои ќе се борат за бодовите, победите и што подобар пласман.

Како се подготвени за новата сезона, што очекуваат од себе и кои се нивните лични цели? Одговорите на трите прашања ги откриваат нивните очекувања, мотиви и погледи кон сезоната која следува.

Во пресрет на првиот натпревар – три прашања, три одговори и лична порака од играчите на МТЕЛ Суперлигата.

1. Кои се амбициите на вашиот тим во новата сезона?
2. Кое ќе биде најголемото оружје на вашата екипа?
3. Што очекувате од новата МТЕЛ Суперлига?

ИЛИЈА КОЛЕВ (КАПИТЕН НА КОЖУВ)

1.Амбициите се секогаш високи. Сакам да имаме конкурентен тим, да се бориме за во топ 4 во домашното првенство и чекор по чекор да го подигаме клубот на повисоко ниво. Долгорочна цел на Кожув е да биде дел од некое меѓународно натпреварување. Сакаме ова да биде сезона во која ќе направиме уште еден чекор напред“.

2. „Најголемото оружје треба да ни биде тимската игра. Имаме комбинација од искусни и млади играчи, а многу ќе зависи од хемијата и карактерот на екипата. Сакам тим кој ќе игра агресивно, со многу енергија и дисциплина и кој нема да се откажува без разлика на противникот.“

3. „Очекувам квалитетна и неизвесна лига. Секој натпревар ќе биде важен и мислам дека публиката ќе има можност да гледа интересна кошарка. Од наша страна, очекувам Кожув да биде конкурентен против секого и со максимална борбеност да ги оствариме нашите цели“.

Се вчитува...