Колевски, по заминувањето од Вардар, потпиша за Кливленд (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бојан Колевски по заминувањето од Вардар денеска и официјално потпиша договор со Кливленд стејт, клубот кој се натпреварува во втората по квалитет фудбалска лига во САД, веднаш зад МЛС-лигата.

20-годишниот Колевски е само уште еден од бројните фудбалери кои одлучија низ актуелнава сезона да го напуштат најтрофејниот македонски клуб.

Офанзивецот, кој фудбалски потекнува од младинската школа на Металург, во својата досегашна кариера има настапувано и за велешки Борец.

Се вчитува...