Колку ќе изгуби Манчестер Сити ако ЦАС му ја потврди суспензијата

Манчестер Сити се наоѓа во клучната седмица околу иднината на клубот во следните две сезони. Спортскиот арбитражен суд во Лозана во понеделникот ја почна постапката на разгледување на жалбата што клубот ја вложи на суспензијата од европските натпреварувања изречена од УЕФА поради прекршување на правилата на Финансискиот фер-плеј.

Проценките велат дека ако Сити навистина остане надвор од европските натпреварувања во следните две сезони, загубата за клубот била околу 200 милиони фунти. Ова ги подразбира парите што ги добива клубот од ТВ правата за настапот во Лигата на шампионите како и за бонусите од постигнатите резултати кои се 83 милиони фунти, потоа дополнителни 10 милиони фунти загуби на потенцијалните денови на натпреварите, на ова се додава и паричната казна која ќе треба да ја плати клубот и плус уште некои загуби од маркетинг и спонзори.

Ако остане надвор од елитното натпреварување, Манчестер Сити ќе им проблеми и во привлекувањето играчи, а проблем ќе се отвори и со фудбалерите кои се сега во тимот. Во целата постапка, Сити тврди дека не направил никаков прекршок и тврдеше дека обвинението и казната се неправилни. Клубот велеа дека има непобитни докази со кои пред ЦАС ќе ја докаже невиноста.

Се вчитува...