Колку милиони зема Ѓоковиќ за големиот триумф?

Новак Ѓоковиќ испиша историја со триумфот над Јаник Синер, станувајќи прв тенисер во светот кој освоил седум трофеи на завршните АТП шампионати. Тој зад себе го остави Роџер Федерер со шест, зад кого следат Пит Сампрас и Иван Лендл со по пет пехари на завршните турнири кои вообичаено се играат пред крајот на секоја календарска.

Јаник Синер имаше победи на првите четири меча во Торино, па со триумф денеска Италијанецот имаше можност да се закити и со најголемата парична награда во историјата на тенисот, во висина од 4,8 милиони долари).

Наместо него, премијата од 2,2 милиони долари за триумф во финалето заминува на сметката на Ѓоковиќ, па така Србинот ќе инкасира вкупно 4,41 милиони долари за своите извонредни изданија во Торино изминатата седмица.

Апсолутно заслужено…

Се вчитува...