Колку на Реал му недостига Роналдо?! „Кралевите“ без гол цели 270 минути

Европскиот првак Реал Мадрид доживеа пораз (1-0) од ЦСКА на гостувањето во Москва. Со голот на Никола Влашиќ уште на стартот од натпреварот, „армејците“ стигнаа до големото изненадување.

„Кралскиот клуб“ забележа нова негативна низа. Тимот на Хулен Лопетеги нема победа на три меча, а загуби два од последните три натпревари. Уште еден податок напоменува и колку можеби недостига Кристијано Роналдо. Додека Португалецот беше на „Сантијаго Бернабеу“, никогаш не се случило Реал Мадрид да не постигне гол на три средби едноподруго. Сега, „кралевите“ немаат постигнато погодок цели 270 минути.

Се вчитува...