Колку пари бара Хабиб за да му даде реванш на МекГрегор?

Веднаш по поразот Конор МекГрегор најави дека сака реванш за да му возврати на Хабиб Нурмагомедов за ќотекот што го изеде во Лас Вегас, но дагестанскиот УФЦ-борач планира да ја искористи ваква ситуација – и добро да ја наплати. Имено, од таборот на Хабиб веќе стигнале гласни пораки до Претседателот на УФЦ, Дена Вајт, дека за реванш ќе мора да се плати многу повеќе, бидејќи Нурмагомедов како актуелен првак бара и рекордна заработувачка.

Тој доби два милиони долари за последната борба со МекГрегор додека на Ирецот му припаднаа три милиони „зелени банкноти“, суми што беа однапред утврдени без оглед на конечниот исход. Сепак, сега ситуацијата е поинаква, Хабиб е бранител на појасот, а за да дојде до нова пресметка со ирскиот борец тој ќе бара пет милиони долари, сума што двајцата вкупно ја заработија двајцата при неделната борба.

„Ако сакаат одмазда, ќе треба добро да му платат на Хабиб. Зборував со него, тој ќе бара сума што е апсолутен рекорд во историјата на овој спорт“ – изјави Лук Рокхолд, американски ММА-борец.

Се вчитува...