Колумбијците ја спакуваа Полска

Фудбалската репрезентација на Колумбија ги зголеми надежите за пласман во осминафиналето на Светското првенство, совладувајќи ја Полска со убедливи 3-0. По непријатниот пораз од Јапонија, фудбалерите на Хозе Пекерман вечерва блеснаа во полн сјај и одиграа на високо ниво. Колумбија сега има три бода, и ќе мора да одигра најдобро што знае и умее и во третото коло против Сенегал, кој има бод повеќе, исто како и Јапонците.

Јери Мина во 40.минута по нафрлувањето на Хамес Родригез обезбеди почетна предност за Колумбија, а Радамел Фалкао зголеми на 2-0 во 70.минута од мечот. Само пет минути подоцна, Хуан Квадрадо го зададе и конечниот удар за Полјаците, откако излезе сам пред Шчешни и умешно ја пласираше топката крај него.

Се вчитува...