Коман го „начна“ ПСЖ – Баерн води во финалето

Баерн Минхен го зададе првиот удар во големото финале во Лисабон, откако во 58. минута дојде во водство на дуелот против ПСЖ. Поранешниот играч на „светците“, Кингсли Коман, се покажа како кобен за францускиот тим, откако се најде на вистинско место и со прецизен удар со глава го матираше голманот Навас.

Веднаш по погодокот Баерн имаше убава шанса и за втор гол, но Кимпембе во последен момент ја расчисти опасноста пред Левандовски.

Се вчитува...