Коман: Срцето ме боли што го оставив ПСЖ без пехар

Кингсли Коман беше херојот на Баерн Минхен во вечерашното финале, но францускиот репрезентативец не крие дека му е жал овој негов погодок го оставил без пехар ПСЖ, клубот каде крилниот офанзивец ја почна кариерата.

„Ова е неверојатно чувство. Пресреќен сум што станав европски шампион, но исто така чувствувам така, срцето ме боли што го оставив ПСЖ без пехар. Сепак, јас сум 100% посветен на Баерн како вистински професионалец, како што најавив и пред натпреварот. Ова беше одлично финале,  двете екипи играа квалитетно, а на крајот ние се радуваме на победата“, истакна Коман.

Французинот последните две средби ги почна како резерва на Иван Перишиќ, но денеска доби шанса од првата минута и блесна кога беше најважно – постигнувајќи го голот за победа во големото финале.

Се вчитува...