Комбиниран тим: Брестовац со шанса за помладите на тестовите во октомври

Селекторот Данило Брестовац денеска го објави списокот на ракометари на чии услуги ќе смета за претстојните пријателски натпревари против селекциите на Турција и на Грузија.

Кормиларот на националиот тим овие тестови ќе ги искористи за да им даде шанса и на дел од помладите ракометари, па така можност за настап во сениорскиот состав ќе добијат Марко Кизиќ, Дејан Кукуловски, Михајло Младеновиќ, Марко Мишевски…

На октомвриските средби нема да се појават двајцата стандардни голмани, Борко Ристовски и Никола Митревски, туку Брестовац на нивно место ќе им даде шанса за докажување на Мартин Томовски и на Марко Кизиќ.

Се вчитува...