Комедија: Објавени се правилата за борбата на Тајсон и Џонс – Дена Вајт се „згази“ од смеење

Оваа сабота и конечно ќе го видиме долго очекуваниот повратнички меч меѓу двете боксерски легенди, Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор. Бидејќи станува збор за егзибициски меч помеѓу 54-годишниот Тајсон и 51-годишниот Џонс, истиот ќе биде одржан според посебни правила.

Мечот ќе биде во осум рунди од по две минути, без судија, нема нокаут, нема победник, нема кладење, а доколку протече крв, истиот ќе биде прекинат…

 

„Можат да ги покажат своите боксерски вештини, но не сакам да дадат се од себе и да се повредат. Ќе биде тоа цврст спаринг, но не смее да дојде до нокаут, не е тоа борба за освојување на шампионат“ – изјави Енди Фостер, извршниот директор на спортската комисија на Калифорнија.

Овие правила го ставија во неверица и Дена Вајт, кој овие правила за прв пат ги слушна на прес-конференција, каде беше запрашан кој е неговиот фаворит.

 

„Не знам, тоа е многу тешко прашање. Кога последен пат сме гледале некој од нив да се бори?.. Што нема да има нокаут? Не е дозволено да победат со нокаут? Како можете да го присилите тоа?.. Добро сакам да се обложам дека ќе дојде до нокаут, може да се обложам во тоа? Не може ни да се обложам во тоа? Не знаев. Во ред… не знам ни што да кажам на тоа“ – изјави низ смеa претседателот на УФЦ.

Се вчитува...