Комесарот ја усвои жалбата – службена победа на МЗТ Скопје 2 и место во „елитата“ следната сезона

Вчерашниот втор натпревар од плеј-аут серијата помеѓу Вардар и МЗТ Скопје заврши со победа на домаќините од 68-56, но на истиот дојде до прекршување на прваилникот откако во игра влезе играч на Вардар кој не беше пријавен во записникот за овој меч.

МЗТ Скопје поднесе жалба, која денеска беше разгледана од страна на Комесарот за натпреварување по што беше одлучено дека дошло до прекршување на правилникот, а за тоа се предвидува службена победа на МЗТ Скопје од 20-0 и водство од 2-0 во серијата со што „штркчињата“ на Боро Даскаловски следната година повторно ќе бидат во прволигашката конкуренција.

Сепак ова не е и конечната одлука на федерацијата бидејќи според правилникот Вардар има 24 часа да поднесе жалба до Арбитражата по чије разгледување ќе има и конечна одлука.

Целиот извештај на кошаркарската федерација на Македонија можете да ја погледнете тука.

Се вчитува...