„Комити“ ги вратија фудбалерите од соблекувална: Секогаш со вас… и во пораз нема да ве оставиме! (ФОТО)

Најверните вардарови навивачи „Комитите“ покажаа вечерва на „Филип Втори“ зошто се единствените кои во суштина вистински знаат што значат црвено-црните бои.

Во натпреварот кој брзо ќе се заборави, според играта и резултатот на терен, „Комитите“ се единствените кои го привлекоа вниманието по начинот на кој ги бодреа своите миленици на целиот натпревар со рускиот Зенит.

Komiti 2

Но, интересно песната на „Комитите“ не заврши и по крајот на мечот… И покрај тоа што „вардарци“ веќе се повлекоа во соблекувалните, „Комитите“ останувајќи на својата Западна трибини и 15 минути по крајот на дуелот со песна ги вратија фудбалерите од соблекувалните повторно пред нив порачувајќи им дека „никогаш нема да бидат оставени…, и во добро и во лошо!“

Се вчитува...