„Комити“ испратија порака за Карачиќ пред неговото утрешно враќање во Скопје… (ФОТО)

Најверните вардарови навивачи „Комитите“ испратија еден вид порака до својот миленик Игор Карачиќ кој, по долги години љубов кон црвено-црниот дрес, од оваа сезона е член на полскиот Киелце. Па, утре ќе го има своето прво враќање во Скопје, овој пат против својот Вардар…

Па, пред утрешниот натпревар Карачиќ не е заборавен и од „Комитите“ кои порачуваат дека ако некој заслужува споменик за се што направил за клубот „тоа е тој…“

„Има многу играчи кои ќе не задолжија со своето залагање, борбеност, талент и харизма, многумина кои ни подарија моменти на кои секогаш ќе се сеќаваме, на кои ќе се гордееме и ќе раскажуваме дека сме имале привилегија да сме нивни современици и да ги доживееме… Тешко е да доловиме што е она што значи овој човек за нас и за Вардар, но ако мора да има еден кој вечно ќе стои високо на пиедесталот, ако има еден на кој треба името да му го славиме а не е во Вардар, ако има еден кој заслужува да му биде подигнат споменик, тој не е Македонец а по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување…Тој е тој – Игор Карачиќ !!!
Да му се поклониме и заблагодариме за сите солзи и радости, за сите моменти поминати заедно. Игор е наш, наш и ќе остане. Сите во сала!!!“ – се вели во пораката на „Комити“ до Карачиќ пред утрешниот дуел со Киелце.

Се вчитува...