Комити ќе одат за Битола: Баравме да им изградат стадион, но не ни е дозволено да присуствуваме на фудбал

Битола утре ќе биде епицентар на македонската спортска сцена, бидејќи во „градот на конзулите“ ќе се одиграат две интересни средби, првата од фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Пелистер и Вардар, по која ќе следи и големото ракометно дерби Еурофарм Пелистер – Вардар.

Навивачката група Комити сезонава секаде ги следи фудбалерите на Вардар во обид да се стигне до експресен камбек во елитното друштво, приврзаниците на „црвено-црните“ планираат да дојдат и во Битола, но се разочарани што нема да им биде дозволен влез на стадионот што се реновира.

„Жртви сме затоа што имаме големи срца. Баравме да им изградат стадион, а сега поради изградбата во тек, не ни е дозволено да присуствуваме на фудбал. Добро, ќе почекаме… Останува Ракометното дерби, кое доаѓа во лош момент за Вардар, по лошата серија и промената во стручниот штаб. Но ние сме Вардар и потребен е максимален фокус кон предизвиците кои следат. Одиме во Битола, според тоа како се одвиваат работите во моментов. На Вардар му треба поддршка“, објавија Комити.

Се вчитува...