Комити: Од секој пораз ни е мака, што да се прави кога Вардар се сака

Вардар претрпе неочекувано убедлив пораз на домашен терен од Кил, но навивачите во салата „Јане Сандански“ знаеја какоп да застанат зад своите миленици и при очајното прво полувреме.

„Вардарци“ ја добија неопходната поддршка од трибини и по мечот, кога побараа и добија „прошка“ за слабото издание на терен. А најверните фанови, популарните „Комити“ денеска со кратко соопштение јасно покажаа што значи да се биде зад својот тим – особено кога работите на терен не одат според посакуваното.

„А тогаш кога оние кои толку многу не задолжија, колективно ни ја зајакнаа вербата, ни донесоа радост и нов менталитет на победници… кога тие вака ќе не погледнат машки, во очи, понизно по едни тешки моменти ќе побараат прошка, а истата безусловно однапред им е дадена…е тогаш како е возможно црвено-црното Македонско срце да одолее? Од секој пораз нам ни е мака, но што да се прави кога Вардар се сака“ – порачаа „Комити“.

 

Се вчитува...