КОМИТИ: „Пет до дванаесет“ е за Самсоненко – утре чекаме вест дека е направен чекорот за спас на Вардар!

Најверните вардарови навивачи „Комитите“ преку ново свое соопштение го повикаа уште еднаш, се уште актуелниот, сопственик на ФК Вардар, Сергеј Самсоненко, онака како што вети до 31. декември да ги подмири сите долгови на клубот како би можеле „црвено-црните“ да се насочат кон пронаоѓање на идното решение за финансиско опстојување.

СООПШТЕНИЕТО ОД КОМИТИ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Играчите го дадоа тоа што требаше и многу повеќе од она што од нив се очекуваше. Тетовче направи одлична селекција, разви извонредно победнички менталитет, им го пренесе покрај стручното и она Вардарското што извира од него и за многу краток период направи тимот да личи на Вардар, и да најавува дека има многу потенцијал во тие млади деца, но и да допре до оние кои дојдоа да помогнат со своето искуство и жар за Вардар. Жално би било сите тие да не бидат наградени за тоа што се надминаа себеси за ова свето име да не згасне.
Единствено нешто што мора да се случи, е утре да ни стигне вест дека е направен тој еден чекор кој е толку неопходен за надежта да продолжи да живее. Вардар да продолжи да постои како нешто што познаваме и покрај кој сме пораснале и се идентификуваме. Не има многу, и сите ние очекуваме човекот на кого безусловно му верувавме сите изминати години, го исполни ветениот збор.
Не може да има одложување кое не би оставило силни последици за тимот и армијата навивачи кои стојат позади клубот, и во добро и во зло.
Ви верувавме и веруваме дека нема да ја изневерите нашата доверба.
Не е време за решавање на работи преку нашиот Вардар, туку е време за решение на работите во ФК Вардар. Тоа е она што е суштинско и што за нас е единствено правилно и нужно.
Вардар ќе живее!
Доколку Вардар биде запрен – Скопје ќе биде поплавено!

Се вчитува...